logo
logo
logo

Чавушоглу: Анкара за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на Обединети нации

Vecer | 23.09.2022

Чавушоглу: Анкара за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на Обединети нации

Чавушоглу истакна дека мнозинството земји-членки на ООН се согласуваат со идејата за реформи на светската организација. Според него, повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за реформи во ООН наидува на поддршка од се поголем број светски лидери, а тоа, како што рече, било потврдено на актуелната седница на Генералното собрание на ООН.

Се повеќе политичари го споделуваат ставот дека „светот е поголем од петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН“, рече Чавушоглу.

Тој смета дека инструментот „вето“ треба да биде заменет со донесување одлуки со мнозинство гласови.

„Главната работа во прашањето е се обезбеди максимален опсег и праведност“, рече шефот на турската дипломатија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk