logo
logo
logo

ЦЕНИТЕ ЌЕ РАСТАТ, тоа ќе се одрази на потрошувачите, предупредуваат германските компании

Vecer | 29.11.2021

ЦЕНИТЕ ЌЕ РАСТАТ, тоа ќе се одрази на потрошувачите, предупредуваат германските компании

Голем број компании во Германија, поголем од кога било досега, планираат да ги зголемат цените во следните три месеци, покажуваат резултатите од истражувањето на минхенскиот институт IFO.

Очекуваниот ценовен индекс, пресметан од IFO, во ноември се искачи на 45 поени од октомвриското ниво од 41 поен, што е негово највисоко ниво од почетокот на ова истражување, се наведува во соопштението на Институтот доставено до медиумите.

- Тоа секако ќе влијае на потрошувачките цени. Во последниот квартал до крајот на оваа година, инфлацијата најверојатно ќе се искачи на нешто под 5 проценти, а следната година ќе започне со стапка многу над 3 проценти. Во просек, сега проценуваме дека вкупната инфлација ќе биде 3 проценти оваа година и помеѓу 2,5 и 3 проценти во 2022 година - вели Тимо Волмершаузер, шеф на одделот за прогнози во IFO.

Рекордна вредност на индексот е присутна во сите економски сектори.

Во трговијата, индексот на ценовни очекувања е 65 поени, во производството 56, а во градежништвото 44 поени. Најниска вредност, од 32 поени, е измерена кај давателите на услуги, но сепак е на рекордно ниво за тој сектор од економијата.

Како причина за поскапувањето компаниите го наведуваат големото поскапување на репроизводите и суровините кои сега производителите и трговците имаат намера да ги пренесат на своите клиенти.

Во моментов најголем ризик за среднорочниот тренд на инфлација е прашањето како да се продолжи со растот на производните трошоци. Доколку продолжат тесните грла во снабдувањето, цените на полупроизводите и суровините би можеле да продолжат да растат.

Дополнително, во претстојните колективни преговори, синдикатите би можеле да бараат компензација за вработените поради значителен пад на нивната куповна моќ, што ќе ги направи трошоците на компанијата уште повисоки.

ИФО во анкетата не го поставила прашањето за висината на планираната промена на цените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk