logo
logo
logo

„Цела ноќ изнесувавме тела“ – расте бројот на жртви од железничката несреќа во Пакистан

Vecer | 08.06.2021

„Цела ноќ изнесувавме тела“ – расте бројот на жртви од железничката несреќа во Пакистан


Најмалку 63 лица загинаа, а десетици се повредени во железничка несреќа во јужен Пакистан, соопштија денеска тамошните власти.

Воени и цивилни инженери го расчистија поголемиот дел од уништените вагони, а заварувачите завршуваат со поправките на пругата. На местото на судирот има силен мирис на дизел, пот и крв, а работниците велат дека ваделе тела во текот на целата ноќ.

Возот што излета од шините се движеше од Карачи кон Саргода. Неколку минути подоцна, воз од Равалпинди удри кон него од спротивната насока.

Несреќата повторно ја отвори дебатата за лошата состојба во пакистанскиот транспортен систем, особено за железниците, во која малку се вложуваше во последните неколку децении.

Засега не е познато зошто првиот воз излетал од шините, но властите велат дека тој дел од пругата е во многу лоша состојба. Актуелниот министер Азам Свати рече дека пругата е „навистина опасна“.

Досега се идентификувани 51 жртва, а идентитетот на 12 мртви сè уште не е утврден.

Претходниот извештај за несреќата што се случи вчера содржеше податоци за 43 мртви.

Во двата воза имало околу 1.200 патници.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk