logo
logo
logo

Бројот на заболени од коронавирус во Индија почна да опаѓа

Vecer | 10.05.2021

Бројот на заболени од коронавирус во Индија почна да опаѓа


Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во Индија опадна денес во споредба со неделата, регистрирани се 366.161 нови случаи на коронавирус.

Починале уште 3.754 пациенти. Индија во претходните четири дена имаше повеќе од 400.000 заболени дневно.

Во Индија, во последните 24 часа биле регистрирани 366.161 заразен со коронавирус, додека 3.754 починале, објави Министерството за здравство. Ова е првпат за некое време бројот на нови случаи да биде помал од 400.000, а бројот на смртни случаи да биде помал од 4.000.

Вкупно 22,66 милиони луѓе досега биле заразени во Индија, додека 246.116 починале.

Земјата ќе регрутира стотици поранешни припадници на воениот медицински персонал за помош на преплавениот здравствен систем, објави вчера Министерството за одбрана на земјата.

Околу 400 медицински службеници од индиската армија се очекува да служат според договор од најмногу 11 месеци, соопшти Министерството, додавајќи дека и други воени лекари биле контактирани за консултации преку интернет.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk