logo
logo
logo

Британците купуваат досега невидена подморница во европските води, нема човечки екипаж

Vecer | 04.12.2022

Британците купуваат досега невидена подморница во европските води, нема човечки екипаж

Подморскиот дрон, чија должина од 12,2 метри одговара на должината на легендарниот лондонски автобус - црвениот двокатен, треба да ѝ биде испорачан на британската морнарица до 2024 година, пишува Business Insider.

Првиот подморски дрон во Обединетото Кралство, наречен Цетус (по Цети, морско чудовиште од грчката митологија), ќе се користи за заштита на критичната национална инфраструктура и следење на сомнителна подморска активност.

Министерството за одбрана вели дека Цетус може да „покрие“ илјада милји од океанското дно во една мисија и може да оперира на длабочини многу поголеми од оние на другите подморници во флотата на британската морнарица. „Тоа ќе биде најголемата и најкомплексната подморница без екипаж со која управува европска морнарица“, се вели во соопштението на британската влада.

– Оваа исклучителна автономна подморница целосно ќе ја промени „играта“ и ќе ѝ помогне на Британија да доминира на подводното бојно поле – вели адмиралот Бен Ки.

Веста за новото британско пловило без екипаж доаѓа откако големот внимание на западните сојузници беше предизвикано од подводната експлозија која нанесе големи штети на главниот гасовод Северен ток, преку кој рускиот гас се испорачуваше кон Германија и остатокот од Европа. На Запад се уште се сомневаат дека зад оваа саботажа стојат руските власти. Џон Бренан, поранешниот директор на ЦИА, за Си-Ен-Ен изјави дека тоа е „чин на саботажа“ и го впери прстот во Москва.

Обединетото Кралство одлучи дополнително да го заштити својот подводен простор откако островите во близина на брегот на Шкотска беа отсечени од надворешниот свет во октомври по мистериозното оштетување на подводните интернет и телефонски кабли.

- За да одговориме на растечките закани за нашата подводна инфраструктура, Кралската морнарица мора да остане пред конкуренцијата. Ја имаме вистинската работа за да ја заштитиме безбедноста на Обединетото Кралство и нашите сојузници – изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас по потпишувањето на договорот за набавка на подморницата без екипаж.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk