logo
logo
logo

Британскиот премиер Кир Стармер се сретна со Доналд Трамп во Њујорк

Vecer | 27.09.2024

Британскиот премиер Кир Стармер се сретна со Доналд Трамп во Њујорк

Пред средбата, Стармер им рече на новинарите дека сака да се сретне со Трамп лице в лице бидејќи силно верува во личните односи на светската сцена.

Сепак, средбата меѓу двајцата може да предизвика можни дипломатски непријатности не само поради стилот на Трамп, туку и поради тоа што Стармер не можеше да организира сличен состанок со потпретседателот на САД и кандидат на Демократската партија за американски претседател Камала Харис, забележува ДПА. 

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, кој во 2017 година го нарече Трамп „расистички симпатизер на Кју Клукс Кланот и неонацистите“ и вети дека ќе протестира на улиците доколку ја посети Обединетото Кралство, исто така присуствуваше на состанокот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk