Британски студент осуден на доживотeн затвор поради шпионажа во Обединетите Арапски Емирати

Британски студент е осуден на доживотен затвор откако беше прогласен за виновен за шпионажа во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Метју Хеџес, 31-годишен академик на Универзитетот во Дурам, изјави дека спроведувал истражување во моментот кога бил уапсен, на 5 мај на аеродромот во Дубаи.

Судот во Абу Даби го прогласи за виновен за шпионирање во име на владата на Велика Британија. Хеџес ги негираше таквите обвинувања.

Спроед информациите, на странските медиуми им било забрането да присуствуваат на сослушувањето и дека казната била откриена од страна на семејството.

Портпаролот на семејството изјави дека рочиштето траело помалку од пет минути и неговиот адвокат не бил присутен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари