logo
logo
logo

Британската МНР го уверила Сар дека означувањето на војната во Газа како „геноцид“ не ја отсликува политиката на Владата

Vecer | 03.10.2025

Британската МНР го уверила Сар дека означувањето на војната во Газа како „геноцид“ не ја отсликува политиката на Владата

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер во телефонски разговор му рекла на израелскиот министерот за надворешни работи Гидеон Сар дека неодамнешната одлука на нејзината Лабуристичка партија да ја означи војната на Израел во Газа како геноцид „не ја отсликува политиката на владата и оти владата ја отфрлила“.

Сар на Х соопшти дека и се заблагодарил на Купер за ова појаснување.

Израелскиот министер за надворешни работи додаде дека разговорот се случил по иницијатива на Купер, по вчерашниот терористички напад во Манчестер, насочен кон синагога на Јом Кипур.

- Реков дека ова е клучен момент во историјата на Обединетото Кралство за зачувување на неговиот карактер, и дека тоа бара неуморна борба против отровното антисемитско движење, информира Сар.

Тој исто така ја истакнал потребата за борба против маршевите и протестите за поддршка на Палестина, „кои имаат антисемитски карактеристики и понекогаш вклучуваат отворена поддршка за терор“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk