logo
logo
logo

Британската кралица ноќта ја поминала во болница: Лекарите и препорачале одмор и мирување

Vecer | 22.10.2021

Британската кралица ноќта ја поминала во болница: Лекарите и препорачале одмор и мирување

Кралицата ја помина средата вечер во болница откако ја откажа посетата на Северна Ирска, соопшти Бакингемската палата.

95-годишната кралица во четвртокот попладне се врати од приватната болница во центарот на Лондон и е „во добро расположение“, додаде палатата.

Кралицата ја откажа својата официјална посета во Северна Ирска во средата, а палатата соопшти дека лекарите ѝ препорачале одмор и мирување и дека не се работи за ковид-19.

„Почитувајќи ја лекарската препорака да мирува неколку дена, кралицата во средата попладне беше на прелиминарни тестови. Таа се врати денес во замокот Виндзор за време на ручекот и е во добро расположение“, соопштија од палатата во четвртокот вечер.

Според извор близок до кралската куќа, кралицата останала во болница од практични причини, а во четвртокот попладне им се вратила на полесните обврски.

Деведесет и петгодишната кралица владее речиси седум децении.

Елизабета Втора како британски монарх што е најдолговечен и кој најдолго владее, следната година треба да го прослави својот платинест јубилеј - 70 години на престолот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk