logo
logo
logo

Британска телевизија: Џонсон имал роденденска забава за време на најлошиот „локдаун“

Vecer | 24.01.2022

Британска телевизија: Џонсон имал роденденска забава за време на најлошиот „локдаун“

Телевизијата соопшти дека сопругата на премиерот, Кери Џонсон, наводно помогнала да се организира забавата на 19 јуни во попладневните часови.

До 30 луѓе присуствувале на прославата во Даунинг стрит, соопшти „ITV“.

Извештајот придонесува за притисок врз Џонсон поради серија собири во Даунинг стрит кои ги прекршија правилата за карантин наметнати од владата на Џонсон.

Високата функционерка Сју Греј ги истражува забавите и се очекува да објави извештај подоцна оваа недела.

Како одговор на наводите за роденденска забава, канцеларијата на Џонсон во изјава за „ITV“ вели: „Некои од вработените кои работат на Даунинг стрит тој ден по состанокот накратко се собраа во просториите на владата за да му посакаат среќен роденден на премиерот. Тој беше таму помалку од 10 минути", пренесе „Index.hr“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk