logo
logo
logo

Британска научничка тврди дека новиот сој на корона е на пат да стане доминантен и да го „смете“ светот

Vecer | 11.02.2021

Британска научничка тврди дека новиот сој на корона е на пат да стане доминантен и да го „смете“ светот

Сојот на корона вирус кој прво е откриен во Кент би можел да прерасне во доминантен во светот, предвидува професорката Шерон Пикок, шефица на британската програма за генетски надзор.

Вакцините кои се сега достапни се правени за „претходните верзии“ на корона вирусот, но научниците се убедени дека ќе бидат делотворни и против новите соеви, но можеби не премногу.

Инаку, нејзината изјава доаѓа во моментот кога СЗО препорачува користење на вакцините АстраЗенека и во земјите во кои е детектиран новиот сој. Како што наведува Би-би-си, оксфордската вакцина предизвикала контроверзи околу нејзината ефикасност кај новите соеви и тоа дали треба да се користи кај постарите лица, заради недостаток на податоци.

Научниците од Оксфорд и понатаму очекуваат дека нивната вакцина ќе спречи луѓето потешко да се разболат од Ковид-19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk