Британска компанија наместо да го отстранува болничкиот отпад, чувала делови од човечки тела

Британската национална здравствена служба (NHS) го прекина договорот со компанијата за отстранување  болнички отпад затоа што компанијата во своите објекти за складирање чувала стотици тони таков отпад, вклучувајќи делови од човечки тела, наместо соодветно отстранување на нив, изјави британскиот министер за здравство, Стивен Беркли.

Станува збор за службата за здравствена заштита (ХЕС), против која Агенцијата за животна средина минатата недела почна кривична истрага поради „прекумерен отпад” и прекршување на лиценците на пет локации, пренедува британски „Индипендент”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари