logo
logo
logo

Британија купува специјализирани воени бородови поради саботажата на „Северен тек“

Vecer | 02.10.2022

Британија купува специјализирани воени бородови поради саботажата на „Северен тек“

На конференцијата на Конзервативната партија во Бирмингем, министерот се осврна на мистериозната штета што се случи минатата недела на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море, пишува Sky News.

„Инцидентот со гасоводот треба да не потсети колку нашата економија и инфраструктура се ранливи на вакви хибридни напади. Затоа, имаме намера да ги заштитиме. Нашиот интернет и енергија во голема мера зависат од цевководи и кабли. А Русија не крие дека е способна за таргетирање на такви инфраструктури“, рече Валас.

„Поради оваа причина, неодамна се обврзавме да купиме два специјализирани брода со кои можеме да ги заштитиме каблите и цевководите. До крајот на оваа година ќе го купиме првиот повеќенаменски брод за воени операции на морското дно, кој ќе биде подготвен за работа пред крајот на следната година Вториот брод ќе биде изграден во Велика Британија“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk