logo
logo
logo

Британија ја поддржа Чешка за протерувањето руски дипломати

Vecer | 18.04.2021

Британија ја поддржа Чешка за протерувањето руски дипломати


Велика Британија денеска даде „целосна поддршка“ на одлуката на чешката влада да протера 18 руски дипломати, за кои смета дека се членови на разузнавачката служба.

„ Велика Британија им дава поддршка на нашите чешки сојузници, кои открија до каде ќе оди ГРУ (руската воена разузнавачка служба) во обидите за извршување опасни и малигни операции, каде што го видовме врвот на моделот на однесување во нападот во Солсбери “, напиша британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб на Твитер.

Во Солсбери, во 2018 година, имаше напад врз Сергеј Скрипаљ, поранешен службеник за разузнавање на ГРУ и двоен агент, на кого, според тврдењата на британските власти, двајца агенти на ГРУ му ставиле нервен агенс „новичок“ на рачката на вратата на куќата.

Скрипаљ и неговата ќерка се разболеа, но закрепнаа од нападот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk