logo
logo
logo

Британија е ТАМАН ЗА НУКЛЕАРКА - Рускиот новинар пак се закани

Vecer | 13.08.2022

Британија е ТАМАН ЗА НУКЛЕАРКА - Рускиот новинар пак се закани

Рускиот новинар Владимир Соловјов повторно со сериозни закани ја коментираше изјавата на британскиот министер Бен Валас дека руската инвазија во Украина е забавена.

Соловјов го повтори повикот до Русија да ја нападне Велика Британија, објави Дејли Мејл.

„Западот продолжува да ги ескалира тензиите“, додаде тој.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас ги прогласи воените бази на Крим за легитимна цел. Па, да бидеме доследни. Во реалноста, секоја цел лоцирана на руска територија е веројатно легитимна за Британците. Тој му вети на режимот во Киев двојно повеќе оружје“, рече тој.

„Ставете ја Русија на списокот и следува целосно уништување“

„Закана или...? „Не треба да заборавиме дека и во ЕУ има нуклеарни централи. И таму се можни несреќи“

„Велика Британија е земја со вистинска големина за Сармат (Сатана 2)“, рече тој.

Потоа додаде дека е доволен еден сармат, а не шест системи од типот ХИМАРС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk