logo
logo
logo

Британците резервираат летни патувања „како побудалени“

Vecer | 23.02.2021

Британците резервираат летни патувања „како побудалени“

По најавеното разлабавување на мерките во Велика Британија, туристичките оператори и авиокомпаниите бележат огромен интерес за патувања.

Непосредно по вчерашното објавување на планот за отворање, во Велика Британија е забележан скок на резервациите на летови за 337% во споредба со претходната недела, додека пак скокот на резервациите за одмор изнесува дури 630%, соопшти денеска авиокомпанијата Изиџет.

Се резервирале патувања до туристички цели како Малага, Аликанте и Палма во Шпанија, Фаро во Португалија, како и цели во Грција.

И најголемиот светски туроператор ТУИ забележа зголемување на резервациите преку ноќ и тоа за цели 500%. Шефот на ТУИ, Фриц Јусен, неодамна предвиде бум на патувањата ова лето.

На лондонската берза денеска акциите на концернот ТУИ, како и на британско-шпанскиот концерн за авиосообраќај ИАГ, пораснаа за 6%, додека акциите на Изиџет пораснаа за повеќе од 9%.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера претстави план на отворање на земјата во четири чекори.

Според тој план, од крајот на јуни не би имало речиси никакви корона-рестрикции доколку тоа го дозволува состојбата со пандемијата. Велика Британија е земја која е најмногу погодена од пандемијата во Европа, но е и најдалеку во однос на процесот на вакцинација на населението.

Министерот за здравство Мет Хенкок нагласи дека ефикасноста на вакцините против новите варијанти на коронавирус ќе игра голема улога при давањето дозвола за меѓународни патувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk