Битката само што започна, е Европа се подели

Брисел пред уривање, дури и Бугарија во одбрана на Орбан

Полска, Чешка, Италија, Австрија... сега и Бугарија застана во подршка на Унгарија

Бугарија, после Полска, Италија, Австрија и Чешка исто така отворено изрази поддршка на Унгарија во конфликтот кој што Будимпешта го има со Брисел.

Бугарските власти порачаа дека ќе ѝ дадат поддршка на Унгарија во актуелниот конфликт со Европската унија, а ова во текот на вчерашниот ден го порача заменик бугарскиот премиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

Исто така, бугарскиот заменик премиер и министер порача дека земјите од источна Европа кои што се во Европската унија, мора да се држат заедно кога станува збор за преговорите со Брисел.

Да потсетиме, Европскиот парламент минатата седмица изгласа отворање на процес против Унгарија со кој што на Будимпешта би можело да ѝ бидат воведени санкции – унгарските власти се обвинети за корупција и за поткопување на демократијата и човековите права.

Иако унгарските власти се обвинети за споменатото, сепак јасно е дека најголемиот проблем кој што Европската унија го има со Унгарија е тоа што владата на Виктор Орбан упорно одбива да прими одредена квота на мигранти во својата земја.

Сепак, се чини дека Будимпешта не е изолирана во конфликтот со Брисел – освен Бугарија, уште неколку земји членки на Европската унија се на страната на Унгарија (Полска и Чешка) и изразија солидарност со унгарските власти во конфликтот со Брисел.

Добри вести за Унгарија се тоа што е доволно само една земја членка на Европската унија да стави вето, за острите санкции против Унгарија, кои што вклучуваат и губење на правото на глас, ќе бидат сопрени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари