logo
logo
logo

Бретон: Се надевам дека Европа ќе има летна туристичка сезона

Vecer | 28.03.2021

Бретон: Се надевам дека Европа ќе има летна туристичка сезона


Забрзувањето на испораката на вакцини ќе ѝ овозможи на Европа да го види „светлото на крајот од тунелот“, објави денеска комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон.

Тој изјави дека се надева дека Европа ќе има летна туристичка сезона оваа година, поддржана од забрзувањето на вакцинацијата.

Бретон, кој ја предводи Извршната работна група за вакцинација на Европската унија, рече дека подобрувањето ќе дојде и покрај третиот бран на епидемија на коронавирус што се шири во Европа.

„ Сега имаме 52 фабрики во Европа кои работат 24 часа на ден, седум дена во неделата за производство на вакцини против коронавирусот“, изјави Бретон за француските медиуми.

Бретон рече дека Европа има капацитет да ги произведе и испорача на своите граѓани 360 милиони дози планирани за крајот на вториот квартал и 420 милиони потребни за постигнување колективен имунитет до средината на јули.

Европскиот комесар неодамна рече дека Европа може да постигне колективен имунитет до 14 јули.

„ Гледаме светлина на крајот од тунелот“, рече Бретон, додавајќи дека ќе бидат потребни уште неколку недели за да се ограничи ширењето на вирусот и да се зголеми бројот на вакцинирани истовремено.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk