Бразилскиот претседателски кандидат го преживеа нападот со нож, и го зголеми водството пред гласањето

Водечкиот кандидат за претседател и лидер на екстремната десница во Бразил Жаир Болсонаро (63), кој беше прободен со нож во стомакот на митингот во текот на изборната кампања, беше подложен на операција и се наоѓа во критична состојба, изјавија неговиот син Флавио и портпаролката на болницата.

– Жаир Болсонаро е посилен од кога било и е подготвен да биде избран за претседател на Бразил во првиот круг! Бог ни даде уште еден знак дека доброто ќе го надмине злото! Им благодариме на сите оние кои ни дадоа сила во ова многу тешко време! – напиша Флавио Болсонаро на неговиот твитер-профил, откако татко му се разбуди со насмевка по операцијата.

Претходно Флавио на социјалната мрежа напиша дека ситуацијата е многу посериозна отколку што се претпоставува дека е една површна рана, бидејќи се повредени црниот дроб, белите дробови и цревата.

– Изгуби многу крв, дојде во болница … скоро мртов. Сега се чини дека се стабилизира – напиша синот на Болсон.

Портпаролката на болницата во Хуис де Фора, каде што се случи нападот, потврди за Ројтерс дека Болсонаро имаше операција, но не прецизираше во каква состојба е и какви биле повредите.

Телевизијата Глобо покажа снимка како поддржувачите го носат на рамена Болсон откако е прободен.

Федералната полиција во соопштението објави дека Болсонаро ги придружувале полицајци за време на нападот и дека напаѓачот бил фатен на дело.

Локалната полиција потврди за Ројтерс дека го уапсиле напаѓачот, но не го открија неговиот идентитет.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари