logo
logo
logo

Божиќниот пазар во Дизелдорф ЕВАКУИРАН откако полицијата добила заканувачка дојава

Vecer | 05.12.2022

Божиќниот пазар во Дизелдорф ЕВАКУИРАН откако полицијата добила заканувачка дојава

Полицијата во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила дојава за опасност, објави германскиот весник „Билд”.

Весникот наведува дека полицијата го евакуирала пазарот откако неименувано лице се заканило дека ќе помине со камион низ пазарот.

Пред нешто повеќе од една недела, полицијата во Берлин ги затвори патиштата и ја зголеми безбедноста околу божиќниот пазар Александарплац поради телефонски закани.

Берлинер цајтунг потоа објави дека непознато лице и се заканувало на полицијата дека ќе ги прегази посетителите со својот автомобил.

Дванаесет лица загинаа, а 50 беа повредени во терористички напад со камион на божиќниот пазар во Берлин на 19 декември 2016 година, за кој одговорноста ја презеде ИД

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk