Просто да не поверува човек

Борис Џонсон: Либија би можела да биде ново Дубаи, само треба да се ослободат од лешевите

Имаат брилијантна идеја да го преобразат Сирт, со помош на локалните власти, во нов Дубаи, рече Џонсон. – Се што мора да сторат е да ги отстранат мртвите тела, па ние ќе дојдеме таму

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон вчера рече дека Либија би можела да стане ново Дубаи, но би требало да се ослободи од труповите. Ова е само последниот од низата гафови, ако оваа суровост може да се нарече така, на овој британски политичар.

Џонсон кон навреди неколку од британските сојузници со своите непримерени изјави и коментари, рече пред неговата Конзервативна партија дека либискиот град Сирт со помош на британски вложувања би можел да стане нов Дубаи, но ако се ослободи од лешевите.

-Имаат брилијантна идеја да го преобразат Сирт, со помош на локалните власти, во нов Дубаи, рече Џонсон. – Се што мора да сторат е да ги отстранат мртвите тела, па ние ќе дојдеме таму.

Некои активисти од партијата на премиерката Тереза Меј се насмеаја на овие зборови пред претседавачот на собирот да ја промени темата со зборовите: "Следно прашање".

Инаку, Британија и Франција ги предводеа нападите со кои беше симнат од власт Моамер Гадафи во 2011 година. Земјата оттогаш потона во хаос со илјадници настрадани. Терористичката групација Исламска држава го освои Сирт на почетокот од 2015 година претворајќи го во свое најзначајно упориште вон Блискиот Исток и привлече бројни странски борци во градот. Подоцна, Сирт е исчистен од милитантите.

На Џонсон овој гаф не му е прв годинава. Британскиот амбасадор во Мјанмар мораше да го премине министерот Џонсон додека се обидуваше да рецитира носталгична колонијална песна од Радјард Киплинг за време на посетата на еден од најпознатите будистички храмови во земјата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари