logo
logo
logo

Борис Џонсон КОНЕЧНО откри колку деца има

Vecer | 21.09.2021

Борис Џонсон КОНЕЧНО откри колку деца има

Британскиот премиер Борис Џонсон зборуваше за неговиот приватен живот за американската телевизија Ен -Би -Си за време на неговиот престој во Њујорк, каде вечерва се очекува да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Џонсон конечно откри колку деца има по долгогодишно озборување за тоа, при што русокосиот премиер бил етикетиран со различни титули како: заводник со светско реноме, срцекршач и слично, на кого многу дами, и покрај фактот дека е оженет, не можеле да му одолеат.

Во едно од ретките интервјуа во кое шефот на владата во Лондон зборуваше за неговиот приватен живот, што го даде за телевизијата Ен -Би -Си за време на неговото патување во Њујорк, тој прво истакна дека променил многу пелени во текот на животот, а потоа призна дека тој станал татко шест пати ...

Новинар од познатата американска телевизија Ен-Би-Си директно го праша британскиот премиер: „Дали имате шест деца“, на што тој кратко одговори: „Да“.

Таа информација, да ве потсетиме, беше официјална, но се шпекулираше дека Џонсон добил уште еден наследник со својата љубовница за време на вториот брак со Марина Вилер. Сепак, тој секогаш цврсто ги негираше таквите обвинувања. Инаку, тој има четири деца со Марина, додека со третата сопруга Кери, очекува уште едно откако двојката минатата година го доби синот Вилф. Тој нема деца со својата прва сопруга.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk