logo
logo
logo

Борел: Договорот меѓу Србија и Косово мора да се спроведе, нема избор

Vecer | 23.03.2023

Борел: Договорот меѓу Србија и Косово мора да се спроведе, нема избор

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска во Брисел изјави дека Охридскиот договор меѓу Косово и Србија е целина што мора да се спроведе и оти е залуден секој обид договорот да се доведе во прашање.

- Дозволете ми да кажам дека секој обид да се доведе во прашање договорот е залуден. Договорот е договорен, тој мора да се имплементира и нема простор за избор, изјави Борел пред самитот на ЕУ каде што ќе поднесе извештај пред лидерите на ЕУ за последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на 18 март во Охрид.

Борел нагласи дека договорот е целина и оти сите страни мора да го спроведат.

- Тоа е една целина, сите страни мора да го спроведат, на холистички начин, а ние внимателно ќе следиме кој спроведува, а кој не. Би ги советувал да не го вперуваат прстот кон никого, туку да си ја вршат својата работа, додаде тој.

Претседателот на Србија и премиерот на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, со посредство на ЕУ, на 18 март во Охрид постигнаа договор за имплементацискиот анекс на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, постигнат на 27 февруари во Брисел. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk