Болтон му се закани на трибуналот во Хаг: Ако гоните Американци, на сите ќе ви се одмаздиме

САД ќе преземат мерки против Меѓународниот кривичен трибунал, доколку се обиде кривично да гони американски државјани поради дела направени во Авганистан, изјави Џон Болтон, советник во Белата куќа за национална безбедност.

„САД ќе го употребат секое неопходно средство за да ги заштити своите граѓани, своите сојузници од неправедни обвинувања на тој нелигитимен суд“ рекол Болтон.

Обвинителот Фат Бенсуд, претходно побара започнување истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Авганистан, каде американските воени трупи веќе 17 години се ангажирани во војна.

Болтон оценува дека трибуналот претставува закана за американскиот суверенитет и национална безбедност, тврдејќи дека судот има многу мала одговорност и дека неговата дефиниција за злосторство е широка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари