logo
logo
logo

Блумберг:ОПЕК очекува нафтата ослободена од резервите да доведе до прекумерна понуда на пазарот

Vecer | 25.11.2021

Блумберг:ОПЕК очекува нафтата ослободена од резервите да доведе до прекумерна понуда на пазарот

Претставниците на организацијата предвидуваа дека уделот на нафта извлечена од стратешките државни резерви може да доведе до значителни вишоци на достава на светскиот пазар.

Според неофицијален документ, во кој Блумберг имал увид, под услов од резервите да се извлечат околу 66 милиони барели нафта, вишокот нафта може да се зголеми за 1,1 милион барели дневно во следните два месеци.

Веста доаѓа откако САД завчера соопштија дека ќе ослободат 50 милиони барели нафта од стратешките државни резерви. Белата куќа нагласи дека голем број други земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Индија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија, планираат да искористат дел од нивните нафтени резерви. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk