Блумберг: Офанзива на шарм на сестрата на Ким Џонг Ун

Кога дипломатскиот танц би бил олимписка дисциплина, тогаш Северна Кореја би освоила златна медаља, вака западните медиуми ја оценуваат посетата на севернокроејскиот лидер Ким Јо Џонг на Јужна Кореја. Тридневната офанзива на шарм од страна на Пјонгјанг преку Ким Јо Џонг не помина незабележано во светската политика, а ниту пак во светските медиуми.

Додека Си-Ен-Ен пишува дека таа била ѕвезда на Зимските олимписки игри и ја нарекува „Иванка Трамп од Северна Кореја“, агенцијата Блумберг наведува дека Ким Џонг Ун, како одговор на санкциите од администрацијата на Трамп, на ЗОИ испрати ново оружје – својата сестра.

Таа ја напушти Јужна Кореја со приватен авион на нејзиниот брат, откако на претседателот Мун Ѕае Ин му пренесе порака од севернокорејскиот лидер, да се надева на заеднички самит на двете кореи.

Нејзиниот повик јужнокорејскиот претседател да го посети Пјонгјанг и да одигра одлучувачка улога во обединувањето на двете кореи по седум децении, според Блумберг, претставува врв на офанзивниот шарм со цел уривање на американскиот наратив за тоа дека Ким Џонг Ун е лудак, кој го мачи својот народ и може да го дигне во воздух Њујорк или Лос Анџелес, ако не биде по негово.

Ројтерс пак ја пренесува оценката на аналитичарите и на поранешниот јужнокорејски министер Ким Сунг Хана, кој вели дека Северот ја искористил Олимпијадата да прободе клин во односите меѓу Јужна Кореја и САД и евентуално да предизвика ублажување на санкциите.

За американскиот министер за одбрана Џим Матис, се уште е рано да се каже дали зближувањето на Јужна и Северна Кореја за време на олимписките игри нуди шанса за мир на Корејскиот полуостров. Тој ги отфрли наводите дека дури и привременото затоплување на однсоите меѓу Сеул и Пјонгјанг, би можело да ги расипе врските меѓу Сеул и Вашингтон.

Според некои аналитичари, повикот на Ким за состанок со Мун е брилијантен дипломатски маневар. И доколку Мун го прифати повикот за состанок, тој ќе го изнервира Трамп, а ако одбие, тогаш САД и Јужна Кореја ќе делуваат неразумно воинствено.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари