logo
logo
logo

Блинкен во Џеда се сретна со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман

Vecer | 07.06.2023

Блинкен во Џеда се сретна со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман

Средбата во кралската палата почнала околу полноќ по локално време и траела еден час и 40 минути.

-Тие разговараа и за потенцијалната нормализација на односите со Израел и се согласија да го продолжат дијалогот во овој поглед, рече американскиот функционер.

Разговорот бил „отворен и искрен“, а Блинкен го покренал и прашањето за човековите права, наведува изворот.

-Состанокот ја потврди нашата посветеност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на Блискиот Исток и пошироко, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Американскиот државен секретар синоќа пристигна во Џеда, на Црвеното Море. Целта на посетата на Саудиска Арабија е затоплување на односите на САД со кралството.

Односите меѓу САД и Саудиска Арабија се затегнати по атентатот во 2018 година на колумнистот на „Вашингтон пост“, Џамал ​​Кашоги, за кое Вашингтон верува дека било нарачано од саудискиот престолонаследник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk