logo
logo
logo

Блинкен: Се надеваме Грејнер и Вилан да бидат дома за Божиќните празници

Vecer | 05.12.2022

Блинкен: Се надеваме Грејнер и Вилан да бидат дома за Божиќните празници

Во интервју за Си-би-ес тој кажа дека се уште не се знае дали Русите имаат сериозни намери за тоа во преговорите што се водат уште од јули. 

-Треба да видиме дали ангажманите и дискусиите што ги имавме, продуцираа некаков актуелен резултат… Активно се ангажираме во текот на многу месеци да се обидиме да ги тргнеме работите од местo, рече тој. 

Блинкен одговори подтврдно дека намерата е двајцата Американци да се вратат дома за Божиќните и новогодишните празници. 

Според она што беше објавено во јули, целта на „издржаниот предлог“ за Русија е обезбедување слобода за Грејнер, кошаркарка во женската Национална кошаркарска асоцијација (ВНБА) и за Вилан, пензиониран маринец, а во замена за ослободување на Виктор Бут, руски трговец со оружје, познат и како „трговец со смртта“, кој служи 25 годишна затворска казна во САД за заговор да продаде оружје на лица кои имале намера да убиваат Американци. 

Грејнер беше задржана во февруари во московски аеродром откако во багажот ѝ било пронајдено масло од канабис, што е нелегално во Русија. Вилан беше задржан во 2018 година под изговор за шпионажа. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk