logo
logo
logo

Блинкен разговараше со кинескиот министер за надворешни работи за ризиците поврзани со Украина

Vecer | 27.01.2022

Блинкен разговараше со кинескиот министер за надворешни работи за ризиците поврзани со Украина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека сите страни вклучени во прашањата околу Украина треба да останат смирени и да се воздржат од дејствија кои поттикнуваат тензии и криза.

„Безбедноста на една земја не може да биде на штета на безбедноста на другите земји, а регионалната безбедност не може да се гарантира со зајакнување или дури и проширување на воените блокови", му нагласил Ванг на Блинкен, јавија американски медиуми.

Во исто време, Блинкен ги истакнал глобалните безбедносни и економски ризици кои би можеле да произлезат од наводната натамошна руска агресија. „Секретарот Блинкен рече дека деескалацијата и дипломатијата се единствениот одговорен пат напред", наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во соопштение. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk