Тој најави дека САД „ќе продолжат да носат одлуки за тоа што и треба на Украина и што може најефективно да се искористи“.

– Она што е од витално значење не е само одреден вооружен систем или дел од опрема. Подеднакво важна е способноста на Украинците тоа ефективно да го користат, рече Блинкен на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.