Блер: Има уште неколку недели за да се спречи Брегзит

 

Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер во обраќање во Европскиот полициски центар рече дека остануваат само уште неколку недели за да се спречи Брегзитот и предложи ЕУ да спроведе реформи, со цел да овозможи алтернатива за Брегзит.

Според Блер, ваквите реформите во ЕУ би требало да се фокусираат на контрола на миграцијата, што е клучно за да ги убедат Британците да се предомислат.

„Сеофатен план за контрола на миграцијата ширум Европа, би можел да биде сржта на алтернативата за Брегзит“, вели Блер.

Поранешниот премиер смета дека гласањето за Брегзит било недвосмислено предупредување за Брисел, дека има потреба од реформи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари