logo
logo
logo

Бирото за попис на САД уште еднаш го одложува објавувањето на податоците од пописот во 2020.

Vecer | 01.06.2023

Бирото за попис на САД уште еднаш го одложува објавувањето на податоците од пописот во 2020.

Тие бројки нема да бидат објавени до септември 2024 година, повеќе од четири години по пописот.

Објавувањето на податоците за големината на домаќинствата и семејствата исто така е одложено, но исто така ќе бидат само вкупни податоци, за цела САД, а не толку детални како порано, што беше корисно за градовите и помалите населби да можат да ја видат ситуацијата и планот за развој.

 Според демографот од Универзитетот во Њу Хемпшир, Кенет Џонсон, „многу од корисниците на тие податоци се државни и локални планери и службеници кои треба да ги знаат трендовите и моделите на микро ниво за планирање, грантови и програмски предлози“.

Објавувањето на податоците првпат беше одложено пред две години поради доцнење предизвикано од пандемијата на Ковид-19 и имплементација на нов метод за приватност што спречува идентификација на поединци. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk