logo
logo
logo

Бил Гејтс вели: Не ме интересира контрола врз луѓето

Vecer | 15.02.2021

Бил Гејтс вели: Не ме интересира контрола врз луѓето

Теоретичарите на завери велат дека создавачот на империјата Мајкрософт сака, преку, вакцините да има влијание и врз контрола врз луѓето. Што за то вели Бил Гејтс.

Бил Гејтс вели дека нема никаков интерес да ги следи луѓето откако тој стана омилена подлога на теориите на заговор поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Тој се обвинуваше за сѐ и сешто, од тоа дека го создал вирусот во тајна лабораторија како дел од проект на глобални елити за депопулација на планетата до користење на вакцини против ковид-19 за да се вгради микрочип во луѓето за да можат да се следат и контролираат.

„Зошто би сакал да ги следам луѓето? Едноставно не ме интересира каде одат луѓето“, изјави Гејтс.

Тој вели дека моментално, климатските промени се поголем проблем за човештвото од пандемијата на ковид-19.

„Да се стави крај на пандемијата е многу, многу лесно. Но, ако го решиме проблемот со климатските промени, тоа ќе биде нешто најневеројатно што го направило човештвото. Педесет и една милијарда тони стакленички гасови се исфрлуваат во атмосферата секоја година, а сакаме да стигнеме до нула во наредните 30 години. Таква транзиција никогаш досега не е видена“, вели Гејтс, чии добротворни напори сега главно се насочени кон справувањето со болести во земјите во развој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk