logo
logo
logo

Бил Гејтс со нов придонес во поделбата на вакцини за сиромашните земји

Vecer | 29.04.2021

Бил Гејтс со нов придонес во поделбата на вакцини за сиромашните земји


Новa кампања за масовно собирање финансиски средства има за цел да инспирира 50 милиони луѓе ширум светот да направат мали донации за потребите на „Ковакс“ механизмот, за еднаква дистрибуција на вакцини против коронавирус, објави агенцијата АП.

Наречена „Оди дади една“ (Go give one), кампањата ја започна Фондацијата на Светската здравствена организација (СЗО), како и корпоративни, верски и светски лидери.

Првите средства беа обезбедени од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Кампањата се очекува да донесе 3 милијарди долари за програмата „Ковакс“, неопходна за вакцинирање на најмалку 30 проценти од луѓето во 92 земји со ниски примања, во текот на следната година.

Таа поддршка ќе дојде од донатори кои придонесуваат во кампањата, како и договори за поделба на трошоците.

Пред тоа, 6,3 милијарди долари дадени за „Ковакс“ дојдоа првенствено од владите на бројни земји, како и од СЗО, УНИЦЕФ и Коалицијата за борба против епидемии.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk