logo
logo
logo

БИ-БИ-СИ НА ТАПЕТ: Поради интервјуто со Дајана, треба да се запрашате како се води јавна телевизија

Vecer | 21.05.2021

БИ-БИ-СИ НА ТАПЕТ: Поради интервјуто со Дајана, треба да се запрашате како се води јавна телевизија

Британскиот министер за правда рече дека ништо да не се преземе во врска со управувањето на Би-би-си, јавната радиотелевизија финансирана од парите на даночните обврзници, повеќе „не е опција" по откритијата како тој медиум дошол до интервјуто со принцезата Дајана.

Изјавата на министерот Роберт Бакленд следеше по откритието дека со измама се дошло до бомбастичното интервју со принцезата Дајана во 1995 година.

Истрагата водена од поранешниот судија Џон Дајсон заклучи дека новинарот на Би-би-си, Мартин Башир користел измама и лажни банкарски изводи за да ја убеди принцезата Дајана на интервју и дека Би-би-си потоа „за жал бил неефикасен“ во истрагата за неговите постапки.

Министерот Бакленд за Тајмс Радио изјави дека случајот покренува прашања за тоа како се води јавна радиотелевизија.

„Ништо да не се преземе не ми изгледа како опција, со оглед на сериозноста на сè што откри судијата Дајсон“, рече министерот.

Би-би-си отвори истрага во ноември минатата година, откако Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дајана, рече дека бил заведен со фалсификувани документи и „други измами“ за да го запознае Башир со тогашната сопруга на принцот Чарлс.

Спенсер објасни дека Башир го убедил да ја убеди Дајана на интервју, бидејќи му рекол дека ја прислушкуваат тајни служби и дека двајца високи советници се платени за информации за неа.

Башир се извини, но рече дека не верува дека лажните документи ја убедиле Дајана да се согласи на интервјуто.

„Иако Би-би-си не може да го врати времето по четвртина век, денес можеме целосно и безусловно да се извиниме“, рече во четвртокот лидерот на Би-би-си, Тим Дејви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk