logo
logo
logo

Би-Би-Си: Ако Украина го нападнала рускиот воен аеродром на Крим, Путин би можел да возврати жестоко

Vecer | 09.08.2022

Би-Би-Си: Ако Украина го нападнала рускиот воен аеродром на Крим, Путин би можел да возврати жестоко

Доколку се покаже дека Украина е одговорна за нападот на рускиот воен аеродром на Крим, тоа би било значајна ескалација на конфликтот, јави дописникот на Би-Би-Си од Моксва, Вил Вернон.

Тоа ќе биде првиот голем напад врз цел во самиот Крим, додаде тој.

Русија денеска потврди дека едно лице загинало, а пет се повредени, меѓу кои и едно дете, во експлозиите во магацинот за муниција на аеродромот Саки кај Новофедоровк.

Москва ги отфрли тврдењата дека експлозиите биле резултат на артилериски напад на аеродромот, но неименуван украински воен функционер, кој сакал да остане анонимен, изјавил за Њујорк Тајмс дека вооружените сили на земјата го извршиле нападот.

„Ова беше воздухопловната база од која [руските] авиони редовно полетуваа за напади врз нашите сили во јужниот театар“, рече официјалниот претставник, додавајќи дека „се користел уред исклучиво од украинско производство“ за да се изврши нападот.

Нападнатите Новофедоровк и Саки се на околу 50 километри од пристаништето во Севастопол, седиштето на руската Црноморска флота, која ја предводеше блокадата на украинскиот брег.

„Тоа би бил првиот голем напад врз цел во самиот Крим“, рече Вернон.

Украинците, исто така, се приближија до Крим во јуни 2022 година, кога проруските власти на Крим тврдеа дека украинските сили пукале врз платформите за нафта на Црното Море во водите на Крим, што резултирало со неколку жртви.

Кон крајот на јули, руските власти соопштија дека беспилотно летало удрило во објект на руската морнарица во градот Севастопол, при што биле повредени шест лица.

Крим е меѓународно признат како украинска територија, но Русија владее со полуостровот осум години и руските државни структури и воени објекти се многу добро воспоставени, наведува британската служба, објаснувајќи дека за Кремљ, Крим има квази-свет статус, се смета за „историски“ руска земја, која Москва „повторно триумфално ја освои“ во 2014 година.

“Напад толку длабоко во внатрешноста на територијата на Крим би бил голем срам за претседателот Владимир Путин. И постојат стравувања дека ако Украинците почнат систематски да напаѓаат руски цели на Крим, тогаш рускиот одговор може да биде многу сериозен“, предупреди дописникот на Би-Би-Си.

Минатиот месец, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега потпретседател на Советот за безбедност, рече дека ако Крим биде нападнат, „сите [вклучени веднаш] ќе го чекаат Судниот ден. Тоа ќе биде многу брзо и многу тешко“.

Фото: Твитер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk