Безбедносни служби упаднаа во руската вселенска агенција

Во еден од институтите на руската вселенска агенција „Роскосмос“, истрага врши руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Постојат сомнежи дека некои вработени испраќале класифицирани информации до западните специјални служби за резултатите од хипер-соничните истражувања.

Според медиумите, шефот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, е информиран за развојот на настаните во зградата на Институтот и им порачал на вработените да обезбедат максимална соработка со членовите на ФСБ.

Како што наведува агенцијата „Спутник“, членовите на ФСБ рано утрово влегле во канцелариите на дел од вработените на Институтот ‘CNIIM’, како и во канцеларијата на директорот на Истражувачко-аналитичкиот центар за ракетно-космички корпорации. Дмитриј Пајсон, а покрај нив на мета се уште десетина вработени.

Се претпоставува дека Пајсон лично бил во контакт со службите. Сепак, тој одбил да каже со кого конкретно бил поврзан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари