logo
logo
logo

Берлускони: Путин беше принуден на окупација на Украина

Vecer | 23.09.2022

Берлускони: Путин беше принуден на окупација на Украина

„Путин се најде во навистина тешка и драматична ситуација“, изјави на политичката програма на јавната телевизија РАИ шефот на Форца Италија (десница), кој ќе учествува на парламентарните избори в недела во коалиција со две екстремно десничарски партии.

Анкетите покажуваат дека тие три партии треба да победат на изборите.

„Делегацијата на двете проруски републики во Донбас дојде во Москва, каде разговараше со претставници на радио, весници, телевизија, со луѓе и министри од партијата на Путин, а во разговорот со него му рекоа: Зеленски има засилени напади врз нашите сили на нашата граница. Сега имаме 16.000 мртви. Ве молиме заштитете не, инаку не знаеме што ќе се случи со нас“, рече тој.

Путин тогаш, како што оценил поранешниот италијански премиер, „руските жители, неговата партија и министрите го принудија да ја започнат таа специјална операција, како што првично ја нарекоа, за време на која руските сили требаше да влезат во Киев, да ја заменат владата на Зеленски, да инсталираат Влада во која ќе бидат пристојни луѓе и ќе се вратат дома за една недела“.

Изјавата крена бура и вчера Берлускони оцени дека е „извадена од контекст и поедноставена“, посочувајќи дека војната во Украина е „неоправдана“ и потврдувајќи ја поддршката за НАТО, ЕУ и САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk