logo
logo
logo

Берлускони ја напушти болницата по рутински преглед

Vecer | 25.03.2021

Берлускони ја напушти болницата по рутински преглед

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја напушти болницата „Сан Рафаел“ во Милано, каде што беше примен на рутински прегледи во понеделникот, потврдија за „Ројтерс“ од неговата партија „Форца Италија“.

Во изјавата објавена претходно денес, „Форца Италија“ објави дека 84-годишниот политичар, кој беше хоспитализиран во Монако во јануари поради проблеми со срцето, е примен во болница за набљудување и прилагодување на терапијата што ја зема, наведува агенцијата.

„Ројтерс“ пренесува дека поради приемот во болницата „Сан Рафаел“, поранешниот премиер не можел да присуствува на рочиштето во судот во Милано утрово во врска со случајот во кој бил вмешан.

Во септември минатата година, Берлускони прележа Ковид-19, што тој го опиша како најопасен предизвик во неговиот живот, а исто така имаше операција на срце во 2016 година, како и операција на рак на проста, наведува агенцијата.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk