Бебе починало во вжештен автомобил, мајката го оставила во него подолго од 8 часа

Седумнаесетмесечно бебе почина на Флорида откако неговата мајка го оставила во вжештен автомобил повеќе од 8 часа, објави каналот „Еј-би-си њуз“.

Полицијата соопшти дека бебето било пронајдено во петокот, во автомобил оставен на паркинг во градот Пемброук Пајнс на Флорида. Официјалните лица изјавија дека детето било во автомобилот цели осум и пол часа. Тие додадоа дека мајката пристигнала на работа тој ден и го оставила детето во автомобилот во текот на целото работно време.

Жена очевидец на настанот која околу 17.00 часот го забележала детето во автомобилот, изјавила: „Бев изненадена, не знаев дека е мртво, изгледаше како да спие“. Кратко потоа, мајката повикала полиција.

„Спасувачките екипи и пожарникари пристигнаа за кратко време, но обидите за заживување беа неуспешни и момчето беше прогласено за мртво“, изјавија официјални лица.

Тој ден, температурата достигнала 34 степени Целзиусови.

„Оставањето на деца во автомобил е секогаш ризичен потег, но особено е смртоносен налето, кога температурите може да достигнат повеќе од 38 степени“, објави полицијата од Пемброук Пајнс во соопштението до јавноста.

„Секогаш проверувајте дали вашите сакани или миленичиња ќе ги заклучите во автомобилот по паркирањето“.

Полицијата не ги објави имињата на мајката и детето, ниту пак повеќе детали за случајот. Локален портал објави дека момчето е 24. дете кое годинава починало во вжештен автомобил во САД, а второ дете кое починало во Флорида.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари