logo
logo
logo

ББЦ: Индонезискиот претседател на Путин му пренел порака од Зеленски

Vecer | 01.07.2022

ББЦ: Индонезискиот претседател на Путин му пренел порака од Зеленски

Видодо во средата во Киев се сретна со Зеленски, додека вчера беше во Москва на средба со Путин.

Индонезискиот претседател во изјава за Би-Би-Си вели дека на Путин му ја пренел пораката од Зеленски, без притоа да открие детали за содржината. Тој ја пренел својата подготвеност да помогне во иницирањето комуникација меѓу двајцата лидери.

Видодо уште најави дека Индонезија ќе продолжи да соработува со Русија, додека рускиот претседател по средбата пред новинарите соопшти дека Русија е подготвена да ги задоволи потребите на Индонезија за ѓубрива, чие снабдување е засегнато поради војната во Украина и западните санкции кон Москва.

Индонезискиот лидер е актуелен претседател на групата Г-20 и член на Кризната група на ОН формирана да одговори на заканата од глобален глад.

Видодо во Киев го поканил Зеленски на учество на Самитот на Г-20 закажан за ноември на Бали.

Украинскиот претседател му рекол на Видодо дека неговото присуство ќе зависи од тоа кој друг ќе биде таму. РуÑ �ија е членка на Г-20 така што постои веројатност на самитот да учествува рускиот претседател Путин. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk