logo
logo
logo

Барбадос станува република, британската кралица ја заменува со гувернерка

Vecer | 28.11.2021

Барбадос станува република, британската кралица ја заменува со гувернерка

Барбадос се подготвува да ги прекине врските со британската монархија, но наследството од често бруталното колонијално минато и влијанието на пандемијата врз туризмот се голем предизвик за овој карипски остров кој ќе стане најновата република во светот.

Познат по своите плажи и љубовта кон крикетот, Барбадос оваа седмица ќе ја земени својата челничка на држава британската кралица Елизабета Втора со нејзината сегашна претставничка, генералната гувернерката Сандра Прунела Мејсон.

Свеченоста којашто е закажана за ноќта од понеделникот кон вторникот по македонско време вклучува воени поворки и прослави по повод претседателската инагуарација на Сандра Мејсон.

Почетокот на новата ера ја поттикна расправата меѓу населението кое го сочинуваат 285.000 луѓе за повеќевековното британско влијание, вклучително и повеќе од 200 години ропство до 1834 година. Конечната независност Барбадос ја стекна во 1966 година.

„Како млада девојка, кога ќе ја слушнев кралицата силно се возбудував. Како што растев, почнав да се прашувам што оваа кралица всушност значи за мене и за мојата земја. Тоа немаше никава смисла. Прекрасно ќе биде да имаме претседателка на Барбадос“, вели за AFP, Шерон Белами-Томпсон, 50-годишна продавачка на риби во главниот град Бриџтаун присетувајќи се дека имала околу осум години која ја видела кралицата при посетата на островот.

За младите активисти, како што е Фирхаана Булбила, основачка на Муслиманското здружение на Барбадост, британскиот колонијализам и ропството се причина за современите нееднаквости на островот.

„Јазот во богатството, можноста за поседување земјиште, па дури и пристапот до банкарските кредити, сето тоа има многу врски со структурите изградени во време на британското владеење. Вистинските синџири на ропството се скршени и повеќе не ги носиме, но менталните синџири и натаму опстануваат во нашето размислување“, вели 26-годишната Булбила.

Крајот на владеењето на кралицата некои го гледат како неопходен чекор кон добивањето отштета за решавањето на историските последици од користењето на робовите доведени од Африка за работа на плантажите со шеќерна трска.

Во октомври Барбадос ја избра Сандра Мејсон за своја прва претседателка, една година откако премиерката Миа Мотли изјави дека земјата „целосно“ ќе го напушти своето колонијално минато.

Меѓутоа, некои во земјата тврдат дека постојат итни национални проблеми, вклучително и економските превираања предизвикани од пандемијата на Covid-19, која предупреда на претераното потпирање на туризнмот, а кој речиси целосно зависи од британските посетители на Бабардос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk