logo
logo
logo

Бајден заложничката драма во синагогата во Тексас ја нарече терористички чин

Vecer | 16.01.2022

Бајден заложничката драма во синагогата во Тексас ја нарече терористички чин

Мажот кој зема заложници во синагогата во Тексас го купил оружјето на улица и изведе терористички чин, изјави во неделата америакснкиот претседател Џо Бајден ден по ослободувањето на заложницте и убиството на напаѓачот за кој е потврдено дека е државјанин на Велика Британија.

Зазложничката криза во Коливил во Тексас „беше терористички чин“ изјави Бајден во Филаделфија каде одаваше почест на оставнината на црнечкиот борец за граѓански права Мартин Литер Кинг чиј ден се одбележува во понеделнки и се слави во САД како празник.

Во врска со тоа Бајден претходно во петокто изјави дека е клучно да се продолжи активноста на Кинг на јакнењето на правата на гласачите, со борбата против белечкиот расизам и другите форми на екстремизам и борбата за поголема економска првада.

Американскиот претседател зборуваше и за мерките кои се потребни за да се запре насилството со огнено оружје. Важна е идејата да се провери способноста на купувачот на оружјето, но тоа е невозможно да се стори доколку оружјето може лесно да се купи на улица, рече Бајден.

Напаѓачот зема четворица заложници во синагогата во Коливил, меѓу кои и рабин, а по повеќе од десет часови операцијата за ослободување успешни ја изведоа припадници ан специјалците на Федералното биро за истраги (FBI).

Британското министерство за надворешни даботи во неделата потврди дека убиениот грабнувач бил британски државјанин идентификуван како 44-годишниот Малик Фејсла Акрам, соопшти FBI.

„Засега нема индиции дека во нападот била вмешано уште некое лица“, изјави американската сојузна полиција во соопштение и додаде дека истрагата продолжува.

Грабнувачот во преговорите со полицијата рекол дека е „брат“ на пакистансакта невронаучница Афика Сидики, која отслужува затворска казна од 86 години во воздухопловна база во Тексас, осудена во 2010 година за обид за убиство на американски војници и агенти на FBI и рекол дека бара нејзино ослободување, изјави во саботата неименуван американски функционер за телевизиската мрежа ABC News.

Сидики ја отслужува казната во сојузен затвор во областа Форт Ворт и е првата жена осомничена во САД за поврзаност со терористичка мрежа Ал Каеда, која ја презема одговорноста за терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, поради што беше и наречена „Леди Ал Каеда“.

„Таа апсолитно не е вмешана“ во заложничката криза и ја осудува, изјавила за CNN нејзината адвокатка и потврдила дека грабнувачот не е нејзин брат, а што го потврди и семејството на Сидики.

Меѓутоа, експертите истакнуват дека грабнувачот го употребил зборот сестра на арапски во фигуративно значење на сестра по верата. Иако се чини дека инцидентот во Тексас е изолиран, синаговите во Њујорк и во други градови се ставени под засилени безбедносни мерки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk