logo
logo
logo

Бајден се обрати на самитот на НАТО: Путин го добива токму она што не го сакал

Vecer | 30.06.2022

Бајден се обрати на самитот на НАТО: Путин го добива токму она што не го сакал

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека овие случувања покажуваат дека воената алијанса предводена од САД „се сели на место што ја одразува реалноста од втората четвртина на 21 век“.

Порака од Бајден за трансатлантското единство против целите на Путин: Глобалниот одговор на секоја криза создадена поради руската инвазија на Украина покажува дека рускиот претседател Владимир Путин „го добива токму она што не го сакал“, рече Бајден, наведувајќи го гневот на Москва од одлуката на Шведска и Финска за влез во НАТО.

„Ние сме пообединети од кога било.А со Шведска и Финска ќе бидеме посилни од кога било. И двете земји маат сериозни војски. Ќе ја зголемиме границата на НАТО за 800 милји долж финско-руската граница. Шведска е целата внатре“, рече Бајден , а пренесе Си-Ен-Ен.

Русија го чувствува влијанието: и покрај тоа што вети дека ќе ја „поддржи Украина онолку долго колку што е потребно“, Бајден рече дека војната во Украина веќе ѝ нанела штета на Русија, бидејќи таа не го исполнила надворешниот долг за прв пат по еден век. „Тие плаќаат многу, многу висока цена за ова“, рече Бајден.

Инфлацијата е проблем на глобално ниво и Русија е виновна: Бајден, исто така, се осврна на зголемувањето на цените на бензинот и недостигот на храна ширум светот, а особено дома во САД, директно ставајќи ја вината на руската инвазија на Украина. „Во крајна линија, причината зошто цените на бензинот се зголемуваат е поради Русија. Русија, Русија, Русија. Причината зошто постои кризата со храна е поради Русија.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk