logo
logo
logo

Бајден: САД нема да дистрибуираат вакцини за сиромашните земји сè додека не се вакцинираат сите Американци

Vecer | 19.02.2021

Бајден: САД нема да дистрибуираат вакцини за сиромашните земји сè додека не се вакцинираат сите Американци


Администрацијата на претседателот Џо Бајден нема да им подари на сиромашните земји вакцина против коронавирус што ја набавија САД,  сè додека не се вакцинираат повеќето Американци, изјави претставникот на администрацијата.

Денес претседателот Џо Бајден ќе учествува на виртуелен состанок на Г7, на кој лидерите на најразвиените земји ќе разговараат за глобалната дистрибуција на вакцини до кои немаат пристап сиромашните земји, пренесува бриселскиот портал „Политико“.

Бајден се очекува да објави дека половина од четирите милијарди долари за вакцини ќе бидат насочени кон 92 сиромашни земји преку системот Ковакс, додека преостанатите две милијарди ќе бидат наменети за зголемување на производството на вакцини во следните две години.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk