logo
logo
logo

Бајден: Пресудата на Грајнер е неприфатлива, Москва да ја ослободи

Vecer | 04.08.2022

Бајден: Пресудата на Грајнер е неприфатлива, Москва да ја ослободи

Бајден денеска изјави дека пресудата на рускиот суд против американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор под обвинение за поседување дрога во Русија е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

„Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата.

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерот, саканите, пријателите и соиграчите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk