- Останувам кандидат и ќе победиме. Јас сум номиниран. Не одам никаде, порача Бајден пред присутните на митингот, кои го поддржаа со повици да не се откажува..
Осумдесет и едногодишниот Бајден, како што оценуваат политичките аналитичари и медиумите во САД, се обидува да ја оживее својата кампања за реизбор и да го оттргне вниманието од проблемите со меморијата. Откако неговата кампања претрпе голем удар како резултат на слабиот настап во претседателската дебата на 27 јуни, Бајден и од митингот во Детроит предупреди што може да донесе уште еден мандат на Трамп.
- Време е да престанеме да ја третираме политиката како да е забава или реално ТВ шоу, истакна Џо Бајден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата