logo
logo
logo

Бајден НАПАДНАТ од џиновски штурец (ВИДЕО)

Vecer | 10.06.2021

Бајден НАПАДНАТ од џиновски штурец (ВИДЕО)

Џо Бајден се судри со поголем инсект додека чекаше да се качи на претседателскиот авион Air Force One за да лета од Америка до Велика Британија за да се сретне со водечките луѓе во светот.

Имено, разговарајќи со својата воена придружба, американскиот претседател почувствува како нешто му лази на вратот и започна да го мавта со раката за да го тргне. Дури кога погледна кон подот, сфатил дека имал огромен штурец на вратот.

Нападот од штурцот го снимија камерманите на новинарските екипи на кои Бајден со смеење им рече:

„Пазете се од штурците“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=XbPNk1S5Shc&t=4s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk