logo
logo
logo

Бајден: Кина брзо се приближува

Vecer | 29.04.2021

Бајден: Кина брзо се приближува


За време на првиот говор во Конгресот по повод првите 100 дена од претседателскиот мандат, американскиот претседател Џо Бајден посебно внимание посвети на Кина и оцени дека таа земја брзо се приближува.

Во средата вечерта американсиот претседател порача дека САД ќе одржат силно присуство во Пацификот и вети дека ќе го интензивираат технолошкиот развој и трговијата, пренесува „Ројтерс“.

„Кина и другите земји брзо се приближуваат. Ние мора да се развиваме и да доминираме во производството и технологијата на иднината“, порача Бајден.

Во изјавата што го предизвика најсилниот аплауз на вечерта, Бајден рече дека едноставно нема причина зошто ветерни турбини да не се прават во Питсбург наместо во Пекинг.

Бајден повтори дека конкуренцијата со Кина е најголемиот предизвик во надворешната политика на САД.

Тој и неговите колеги демократи, како и републиканците, сите се согласија за построг пристап во односите со Пекинг.

„Америка ќе се бори против неправдите што ги поткопуваат американските работници и американската индустрија, преку субвенции за државни компании и спречување на кражба на американски технологии и интелектуална сопственост“, додаде американскиот претседател.

Тој му порача на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Соединетите држави ќе одржат силно присуство во Индо-Пацификот, како што тоа го прави за НАТО во Европа – на за да започне конфликт, туку да го спречи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk