logo
logo
logo

Бајден: Ќе водам кампања за Камала Харис во Пенсилванија

Vecer | 11.08.2024

Бајден: Ќе водам кампања за Камала Харис во Пенсилванија

Бајден ова го изјави во интервју за Си-Би-Ес, што е негово прво интервју откако на крајот на јули објави дека ќе се повлече од претседателската трка.

Харис води пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп за четири процентни поени во Пенсилванија и во две други клучни сојузни држави, Висконсин и Мичиген, според анкетите на Њујорк Тајмс и Колеџот Сиена објавени вчера.

На прашањето дали ќе води кампања за Харис, Бајден одговори потврдно.

Бајден рече дека тој и гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро работат на предизборна турнеја во Пенсилванија.

„Ќе направам кампања и во други држави и ќе направам се што Камала мисли дека можам да направам за да помогнам најмногу“, рече американскиот претседател.

Минатата недела Харис објави дека гувернерот на Минесота Тим Валц ќе биде кандидат за потпретседател.

„Тој е мој тип на момче, тој е реален, паметен е, го познавам неколку децении. Мислам дека тоа е фантастичен тим“, рече Бајден./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk